392
Македонскиот премиер Димитар Ковачевски попладнево испрати сочувство за трагедијата во Белград во која убиени беа осум ученици од основно училиште и член на обезбедувањето.
-Трагична вест од Белград, нема зборови кои ќе ја надоместат болката и тагата на оние кои денеска изгубија свои блиски.
Во име на Владата на Република Северна Македонија и во мое лично име, изразувам најдлабоко и искрено сочувство за загубените животи.
Нашите мисли се со српскиот народ и семејствата на починатите и повредените, со надеж за брзо закрепнување, напиша Ковачевски.