Ковачевски со порака: Уставните измени за две недели во Собрание, наесен нема да има избори!

by Fokus

Македонскиот премиер Димитар Ковачевски денеска од Свети Николе порача дека „во текот на следните две недели измените на Уставот ќе бидат доставени до Собранието за да започне процедурата во законодавниот дом на земјата“.

„Кога ќе се разгледаат измените на Уставот од страна на Владата, тие ќе бидат јавно објавени, а потоа сите граѓани ќе можат да се уверат дека се работи за технички измени кои не менуваат нешто што веќе е факт на Уставот. Според најголемите експерти во државата, во уставот дополнително ќе се вметнат и делови од други народи кои живеат во државата“, рече Ковачевски.

На прашањето дали ќе има предвремени избори доколку не се изгласаат овие измени, тој појасни дека „процесот на уставни измени не е поврзан со мандатот на владата, туку со евроинтеграциите на државата“.

„Нема да имаме избори во земјата наесен. Догодина ќе има избори, претседателски, па парламентарни“, кажа Ковачевски.

Поврзани новости