За првпат жителите на Сарај добиваат примарна здравствена грижа во нивното место за живеење. Со новата поликлиника, се олеснува пристапот до здравствените услуги кои што ќе бидат на врвно, квалитетно ниво бидејќи самите медиуми можеа да се уверат дека покрај тоа што се работи за нов објект се работи и за комплетно нова апаратура која ќе биде тука користена во сите оддели како и за кадар здравствен кој ќе работи и поискусен меѓутоа и помлад кој е вработен тука, изјави премиерот Димитар Ковачевски на денешното отворање на Поликлиниката Сарај.
„Инвестицијата е вредна близу 1,3 милиони евра, буџетски средства, обезбедуваме современи услови за лекување. Морам да се заблагодарам и на Општина Сарај, на градоначалникот кои успеаа да ги завршат навремено сите потребни инфраструктурни и имотно-правни активности заедно со нивните колеги. Да се заблагодарам и на граѓаните на Сарај кои отстапија дел од свој имот практично, за да може да биде комплетирано се ова. Тука е пратеникот. Семејството мислам дека се вика Салиу кое има отстапено дел од свој имот практично да може ова да се комплетира и навистина и тие заслужуваат една голема благодарност и на здравството и на пред се граѓаните кои тука ќе се лекуваат“ рече Ковачевски.
Тој кажа дека веќе се вработени нови 26 лица од разни профили во оваа Поликлиника, но дека ќе бидат потребни уште 26 дополнително за да може да работи со поголем интензитет и дека тоа ќе биде направено.
„Веќе имаме процес на 1.117 нови вработени кои ќе дојдат, кои практично работеа во здравствениот систем и убеден сум дека дел од нив ќе бидат тука во оваа Поликлиника „Сарај““ нагласи Ковачевски.