Претседателот на Владата, Димитар Ковачевски денеска официјално го пречека претседателот на Владата на Албанија, Еди Рама.
Со највисоки државни и воени почести македонската владина делегација предводена од премиерот Ковачевски, ја пречека албанската владина делегација предводена од премиерот Рама.
По официјалниот пречек, премиерите Ковачевски и Рама, ќе имаат тет-а-тет средба, по што ќе следува меѓувладината седница на која што двајцата премиери Ковачевски и Рама ќе имаат воведни обраќања, по што ќе следува дискусија помеѓу владините делегации на двете држави.
Воедно, на денешната седница ќе бидат потпишани договори и меморандуми помеѓу министрите на двете држави, кои се однесуваат на зацврстување на соработката во повеќе сегменти.
По завршувањето на меѓувладината седница, премиерите Ковачевски и Рама ќе одржат заедничка прес-конференција.