91
Премиерот Димитар Ковачевски им го честиташе Бадник на сите граѓани.
„Бадник, во сите домови каде се чествува, нека донесе добро здравје и нека ги сплоти семејствата во радост и спокој. А сплотени сите заедно во родната земја, да направиме нов чекор напред во изградбата на перспективно општество, со среќни луѓе. Нека е за многу години денешниот голем празник Бадник!“, напиша тој на социјалните мрежи.