Премиерот Димитар Ковачевски денеска застана во одбрана на измените на Кривичниот законик, кои предизвикаа бројни реакции во јавноста и потикнаа стравувања дека тие се вовед во амнестија на поранешни функционери и избегнување на правдата. Тој тврди дека законот не е правен наменски за никого и дека станува збор за подобрување на системот.
„Затоа сметам дека ова се позитивни измени во законот, кои ќе го помогнат во ефективноста и ефикасноста на судскиот систем“, порача Ковачевски на настан во Скопје, одговарајќи на новинарски прашања.
Смета дека измените се согласно европската регулатива и се повика на законодавствата во Германија и во Словенија.
Ковачевски вели дека со Европската Унија се разговара на дневно ниво, со оглед на тоа дека се во тек скрининг процеси со земјава и со Албанија.
„Кај нас повеќепати се забележува на бавноста, оти работите во многу области одат бавно, па кога нешто ќе оди брзо не треба тоа да му се забележува. Колку што видов, Американската амбасада ќе го разгледа тоа што е донесено, а истото тоа го кажаа и од ЕУ. Измените кои беа напревени се во согласнот со законодавството во Европската Унија“, вели премиерот.