Сите институции мора многу поефикасно да се борат корупцијата која ја намалува економската конкурентност и ги загрозува основните слободи на граѓаните, смета Димитар Ковачевски, кој најави дека ќе се кандидира за претседател на СДСМ на следните внатрепартиски избори во своето гостување на „Утрински брифинг“.
-Корупцијата е лоша за целото општество и од аспект на конкуренцијата и намалување на слободите. И тоа мора да се адресира. Судството и Обвинителството мора да бидат независни и мора да ја зголемат ефикасноста. Мојот став е нулта толеранција за корупцијата и сѐ да се работи по закон и процедура. Откриената корипција мора да се санкционира, вели Ковачевски.
Според него, треба да се слушне гласот на секој член на партијата, но и да се примени тоа што ќе се слушне.
–Верувам дека треба да се слушне гласот на секој член на партијата. Но, не е доволно да се слуша, треба и да се применува. Во рамки на државата е да кажете што ќе направите, а кога ќе направите да сметате дека може и повеќе. Стратегиска цел на партијата е отворање на преговорите со ЕУ. Ние веќе соработуваме со меѓународни компании, кај нас се произведуваат сложени системи, на пример делови за „Мерцедес“. Ако воспоставиме систем највештите да се вклучат во системот, Македонија може да исчекори, вели Ковачевски.