Ковачевски си ги избра замениците, Груби незаменлив

by fokus

На денешната прва седница на новиот владин состав, премиер Димитар Ковачевски ги назначи своите заменици или вицепремиери.

Остана позицијата „прв заменик на претседателот на Владата“, а тоа повторно ќе биде Артан Груби.

Позицијата министер за борба против корупцијата е заменета со вицепремиер задолжен за политики за добро управување. Тоа ќе биде Славица Грковска.

„Обични“ заменици на претседателот или вицепремиери се:

м-р Славица Грковска, министер без ресор, за заменик на претседателот на Владата на Република Северна Македонија, задолжен за политики на добро владеење;
Фатмир Битиќи, министер без ресор, за заменик на претседателот на Владата на Република Северна Македонија, задолжен за економски прашања, за координација со економските ресори и инвестиции;
м-р Бојан Маричиќ, министер без ресор, за заменик на претседателот на Владата на Република Северна Македонија, задолжен за европски прашања;
д-р Џемаил Чупи е именуван за министер без ресор, задолжен за дијаспора.

 

 

Поврзани новости