Ковачевски-Шидер: СДСМ има јасен план за продолжување на европскиот пат

by fokus

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Димитар Ковачевски, денеска одржа средба со европратеникот и носител на листа на социјалдемократите во Австрија за изборите во ЕУ,Андреас Шидер, на која што присуствуваа и вицепремиерот за европски прашања и секретар за меѓународна соработка на СДСМ, Бојан Маричиќ и пратеничката од СДСМ, Санела Шкриељ.

На средбата се разговараше за претстојните избори, за состојбата во државата кога СДСМ ја презема власта, за тоа што СДСМ како партија која ја преводи Владата, успеа да го реализира изминативе седум години, но и за плановите за понатаму.

Ковачевски на средбата посочи дека на претстојните избори пред граѓаните се два концепта. Едниот концепт на СДСМ и Коалицијата за европска иднина кој значи прогрес и нтеграција на државата, подобар животен стандард, подобри и поголеми плати и пензии за сите граѓани, економски развој, безбедност и стабилност, кој всушност преставува продолжување на политиките што СДСМ ги спроведува во изминатите седум години. Другиот концепт е сосема спротивен пат која ја носи државата во безнадежност и изолација.

На средбата со европратеникот Шидер, знаеднички беше ставот, дека Северна Македонија припаѓа во ЕУ и мора да го продолжи европскиот пат, тоа е единствената алтернатива и можност која носи позитивни промени за дравата.

Европратеникот Шидер, изрази поддршка за СДСМ за претстојните избори, како прогресивна партија која има јасен и конкретен план за остварување на стратешките цели кои се од инетерс за граѓаните и државата.

Ковачевски на средбата, посочи дека Владата предводена од СДСМ покажа јасна посветеност и донесе тешки и храбри одлуки, кои резултираа позитивно врз државата. Северна Македонија стана членка на НАТО, по 17 години чекање се отворија пристапните преговори со Европската Унија, а паралелно се затворија речиси сите отворени прашања со нашите соседи.

Воедно, потенцираше стратешките одлуки се носеа и во време на две тешки кризи – ковид пандемијата, енергетската криза, војната во Украина. Во тој контекст, Ковачевски посочи дека дека благодарение на правилните политики и мерки на Владата предводена од СДСМ, се заштити животниот стандард на граѓаните, се зголемија платите и пензиите, успешно се изменаџира снабдувањето на струја и парно, се намали невработеноста, се зголемија инвестициите.

Во однос на програма на СДСМ за претстојните избори, Ковачевски потенцираше дека таа преставува продолжение на сите позитивни резултати што досега се постигнаа и се заснова на 7 столба: Нова економска енергија за европски раст и стандард,Добро управување-подобар и праведен систем за сите, Грижа за сите, Европски квалитет на живот, Безбедна Македонија,Македонија во ЕУ до 2023, Млади-столбот на иднината.

Ковачевски на средбата посочи дека доколку СДСМ ја формира новата Влада, приоритет ќе биде продолжување на патот кон ЕУ, исполнување на целите од програмата кои значат подобар европски животен стандард за граѓаните, економски развој, унапредување на демократијата, слободите, социјалната вклученост.

Поврзани новости