Ковачевски: Северна Македонија е држава пример за функционална, одржлива мултиетничка демократија

by Fokus

Премиерот Димитар Ковачевски испрати порака на 22 годишнината од потпишувањето на Рамковниот договор и повика на обединување. Со слична порака излезе и претседателот на ДУИ Али Ахмети.

Денес одбележуваме 22 години од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор, кој донесе мир, и со кој се овозможи континуиран развој на општествената кохезија и на европскиот концепт на обединетост во различностите,  напиша Ковачевски во соопштението од СДСМ.

„Северна Македонија е држава пример за функционална, одржлива мултиетничка демократија, којашто практикува европски вредности. Ние сме општество кое гарантира еднакви права и обврски за сите етнички заедници, за сите Македонци, Албанци, Турци, Срби, Власи, Роми, Бошњаци и сите други заедници кои оваа земја ја сметаат за свој дом. Дом кој ќе продолжиме да го градиме во духот на меѓусебна грижа и посветеност. Нашата татковина е Европа во мало, а почитувањето на различностите е нашата предност, на што сме особено горди“,  рече Ковачевски.

Во своето обраќање Ковачевски пишува дека  Република Северна Македонија е членка на НАТО, која цврсто чекори со визијата што поскоро да стане дел од европското семејство на народи, каде и припаѓа.

Поврзани новости