„Секогаш кога ќе ја промаши работата, како во јануари и февруари дека ќе има ново парламентарно мнозинство што излезе дека не е точно, лидерот на опозицијата веднаш посегнува по герила акции и некакви кампањи кои немаат никаква реална основа“. Ова денеска во Владата го порача премиерот Димитар Ковачевски, одговорајќи на новинарско прашање во врска со „бизнисот на неговата сопруга“.
Тој уште еднаш истакна дека се што поседуваат тој и неговото семејство е пријавено во анкетниот лист.
„Сум го одговорил веќе на ова прашање и на собраниска говорница и во овој прес-центар и на други прес-конференции. Би му порачал на лидерот на опозицијата дека секогаш кога ќе ја промаши работата какао во јануари и февруари дека ќе има ново парламентарно мнозинство што излезе дека не е точно, веднаш посегнува по герила акции и некакви кампањи кои немаат никаква реална основа. Се што имаме јас и моете семејство е пријаево во анкетниот лист и во сите регистри, на УЈП, Централниот регистар и таму може се да се провери. Инаку, да, обновливите извори се иднината, а ние, имајќи стратегија, сме едни од лидерите во регионот што и реално се потврдува“ вели премиерот.