На Самитот на НАТО во литванскиот град Вилнус македонскиот премиер Димитар Ковачевски кратко разговарал со американскиот претседател Џо Бајден, за што тој се пофали на социјалните мрежи. Наведе дека имале средба на која разговарале за евроатлантските интеграции на земјава и регионот.
„Средбата со претседателот на САД Џо Бајден, на Самитот на НАТО, беше можност накратко да поразговараме за важноста на европските и евроатлантските интеграции на Северна Македонија и земјите од Западен Балкан како еден од предусловите за обезбедување на мирот, стабилноста, безбедноста и просперитетот на регионот“ – напиша Ковачевски на Фејсбук.
Премиерот во мај годинава беше во официјална посета на Вашингтон каде одржа со државниот секретар на САД, Ентони Блинкен, каде исто така една од главните теми на разговор беше евроатлантската интеграција на Северна Македонија.