778
Премиерот Димитар Ковачевски денеска пред новинарите се огласи во врска со „пресечената“ фотографија, на кој тој е заедно со бугарскиот шеф на Владата, Кирил Петков и државниот секретар на САД, Ентони Блинкен.
„Веќе имаше вчера изјава од прес-службата на бугарската влада дека се работи за ненамерен пропуст. Јас и премиерот Петков со нашите делегации имавме навистина одлична комуникација во рамки на Минхенската безбедносна конференција и сакам да верувам дека одговорот кој што е даден од бугарската страна е тој кој што е вистинскиот“, рече Ковачевски