Бројките во секој сегмент се јасни, СДСМ има неколкупати подобри економски резултати споредбено со ДПМНЕ, драстично подобар, истакна премиерот Димитар Ковачевски на трибината „Повеќе за сите” во Кавадарци.
-И тоа не се само платите, пензиите, инвестициите, вработеноста, енергетиката, секаде, во секој можен сегмент, економски, социјален, политички, демократски. СДСМ врати 2,6 милијарди евра кај граѓаните. Само со една мерка, МОЈ ДДВ СДСМ врати над 110 милиони евра назад кај граѓаните. Паметите ли макар една мерка од ДПМНЕ за враќање пари?
Не паметите не затоа што немате добра меморија, затоа што нема. ДПМНЕ не враќаше пари кај народот, тие грабаа само за себе. Тоа е суштината разлика помеѓу нас СДСМ и ДПМНЕ. Додека ДПМНЕ имаше други приоритети, правеа споменици, лавови, жални врби во Вардар, ние враќаме пари кај граѓаните, над 2,6 милијарди евра за 3 години – рече Ковачевски.