Претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски денеска во Марена, во Тиквешкиот регион присуствуваше на традиционалната манифестација на закројување на лозјата во чест на Св. Трифун заштитникот на лозарите и винарите.
Денеска сме овде Марена, во Тиквешкиот регион, симболот на нашето македонско грозје и вино, и во чест на овој голем празник, традиционално со закројување на лозјата го означивме почеток на новата лозарска реколта.
„Производството на грозје и вино отсекогаш било и ќе биде една од најзначајните земјоделски гранки во нашата земја, по што и дома и надвор сме надалеку познати.
Заедно со МЗШВ коешто министерот ги предводи и ги предводеше процесите во унапредување на производството и на грозје и на вино успеавме во мандатот на Владата која што јас ја предводев да преку ресорното министерство го поставиме производството на вино на највисоко ниво и тоа го говорат резултатите. Македонија стана број еден извозник на вино во регионот и 13 извозник на вино во светот.
За квалитетот на виното говорат и многубројните награди кои нашите винарии ги добиваат и нашите вина на големи и престижни саеми на вина коишто се одржуваат на нашиот балкански полуостров така и ширум Европа и Светот.
Она што е многу значајно е што Владата успеа да направи голем број на мерки и активности за унапредување на производството на вино, ветивме авансна исплата на субвенциите и ветувањето го исполнивме. На крајот на минатата година 30% од основната субвенција е исплатена на производителите на вино и на другите земјоделци и со тоа тие добија авансни 12.000 денари субвенција. На крајот на 2024 година лозарите ќе добијат повторно авансна исплата.
Уште едно исполнето ветување – оваа година подршката за набавка на зелена нафта се зголемува за 100% и таа ќе изнесува 9.600 денари по хектар лозов насад.
Со новиот закон за вино лозарите добиваат гарантирана цена за откуп на грозјето но и нова посебна програма за финансиска програма за поддршка и развој на лозарството и винарството.
За прв пат воведовме грантови од 10.000 евра за поддршка за купување на опрема на малите производители на храна но и за малите семејни винарии, како и грантови од 5.000 евра за отворање на мали дестилерии.
Она што е резулат на сите овие мерки е што во државата во моментов имаме 255 регистрирани винарии за производство на вино што е рекорд во историјат ана нашата држава во однос на организарано прозиводство на вино, откуп на грозјето и секако продажба на високо квалитетно вино на домашните и светски пазари“ порача Ковачевски.