Ковачевски: СДСМ ќе излезе со свој кандидат за претседател

by Fokus

Претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски денеска рече дека кандидатот за претседател од СДСМ ќе биде соопштен на крајот на овој или почетокот на идниот месец.

Ковачевски кажа дека претседателскиот кандидат ќе биде поддржан од сите коалициски партии, и покрај најавите дека ДУИ ќе оди со свој кандидат на претседателските избори.

„Јас кажав дека претседателскиот кандидат од СДСМ ќе го соопштиме на крајот на овој или почетокот на идниот месец. Тоа ќе биде кандидат кој ќе биде поддржан од сите прогресивни сили, и сите наши коалициски партнери. Колку претседателски кандидати ќе има, тоа ќе зависи од партиите, јас нема да се мешам, секоја политичка партија си има право да кандидира претседател. Дали ДУИ ќе го поддржи нашиот кандидат? Не знам, тоа треба да се праша ДУИ“ – рече Ковачевски по учеството на панел дискусија со студенти на тема „На студентско столче: Перспективи за политики, напредок и промена“.

Поврзани новости