448
Претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски вечерва од Битола нагласи дека СДСМ е партија што донесува храбри и државнички одлуки.
– СДСМ секогаш била на вистинската страна. Јас како претседател се обврзав пред вас. СДСМ е и ќе биде на вистинската страна. Следната политичка борба на оваа наша генерација е битката за европска Македонија која повторно ја предводиме ние од СДСМ. Од нас зависи каква ќе биде иднината на државата, дали ќе продолжи по овој вистински пат или ќе се врати во мрачното минато. Од нас зависи каков ќе биде концептот на поголеми плати и пензии и враќање на парите кај граѓаните. Ве повикувам како социјалдемократи да се приклучите силно и одлучно, порача првиот човек на македонските социјалдемократи Димитар Ковачевски.