Ковачевски сака брзо, но и квалитетно решение со Бугарија

by fokus

Премиерот Димитар Ковачевски сака брзо, но и квалитетно решение со Бугарија за да се отворат долгоочекуваните и заслужени преговори со ЕУ.

Ова тој го кажува во интервју за МИА по првата работна посета на Брисел во седиштата на ЕУ и НАТО.

-Во однос на ЕУ, таа цел сѐ уште не е остварена, и таа се должи на тоа што имаме предизвик и отворено билатерално прашање со Република Бугарија коешто треба да се реши што побрзо. Јас велам дека ни треба брзина во решавањето, меѓутоа велам дека не треба да се избрзува со решението.

Бидејќи решението коешто ќе се постигне треба да биде основа којашто ќе биде прифатена од двете страни и којашто ќе претставува основа за градење на добрососедски односи, меѓутоа и основа за брз напредок на Република Северна Македонија кон целосна интеграција и полноправно членство во ЕУ, вели Ковачевски.

Тој ги предупредил неговите соговорници и дека секое ново одложување на влезот во ЕУ влијае врз поддршката на граѓаните, но и врз апетитот на други големи сили на Западен Балкан.

Одолговлекување на било кој процес кога имате одредена цел, и тоа исто го разговаравме со претставниците на институциите на ЕУ, секогаш ја намалува посветеноста на општеството како целина.

Меѓутоа сметам дека во нашиот случај прво процесот трае премногу долго што секако може да роди одреден тип на скептицизам кај одредени граѓани меѓутоа може и да побуди интерес кај одредени трети страни коишто не се заинтересирани овој регион да биде целосно интегриран во ЕУ, додава тој.

Поврзани новости