Ковачевски: Рестрикции на струја нема да има

by Fokus

Брзата реакција на Владата и мобилизирањето на сите домашни капацитети за производство на електрична енергија придонесоа да спречиме ценовен шок за граѓаните, објави новиот мандатар на Владата, Димитар Ковачевски по повод денешното зголемување на цената на струјата.

Според Ковачевски, постигнат е голем успех со тоа што новата цена е далеку под првичните прогнози од преку 25%.

-Се задржува ноќната евтина тарифа на струјата, како и таа во недела, а рестрикции нема да има. Владата дополнително обезбеди 60 милиони денари помош со Програмата за заштита на ранливи потрошувачи на енергија за 2022 година, потенцира Ковачевски.

РКЕ денес објави дека цената на струјата за домаќинствата се зголемува за 9,48 проценти.

-Ова е една од најтешките одлуки кои РКЕ ги има донесено од своето постоење, соопшти претседателот на Регулаторната комисија за енергетика, Марко Бислимовски, додавајќи дека дневната евтина тарифа ќе се укине, додека пак ноќната и евтината тарифа во недела ќе остане да важи.

 

Поврзани новости