Ковачевски: Разговорите со АА продолжуваат

by Fokus

Разговорите со Алијанса за Албанците во контекст на европската иднина на земјата ќе продолжат и доколку се усогласиме по клучните принципи може да се случи проширување на владиното мнозинство, вели премиерот Димитар Ковачевски.

Во одговор на новинарско прашање за коментар на изјавата на лидерот на ДУИ Али Ахмети дека се разговара со АА и за нивен евентуален влез во владината коалиција, Ковачевски изјави дека одговорот на Ахмети не се разликува од одговорот кој што тој веќе го дал по средбата во петокот со Таравари.

Одговорот што го даде претеседателот на ДУИ, Али Ахмети не се разликува многу од одговорот којшто јас го дадов, од причина што јас кажав дека со партијата Алијанса за Албанците особено со нејзиниот вд претседател Арбен Таравари, разговарав за европската иднина на државата и сите одлуки коишто треба да се носат. Исто така, кажав дека нашата владина коалиција е отворена за сите политички партии коишто ја делат таа визија и дополнително кажав дека разговаравме конкретно и за сите оние закони  и реформи коишто се однесуваат на владеењето на правото, борбата против криминалот и корупцијата, и економските политики, односно антикризните мерки за справување со оваа огромна економска и енергетска криза во којашто се наоѓа и земјата и Европа, рече премиерот Ковачевски. 

Поврзани новости