Премиерот Димитар Ковачевски по средбата со лидерот на опозицијата, Христијан Мицкоски рече дека тој им ги образложил активностите што се преземаат во насока на справување со енергетската криза, а ги слушнале и предлозите на опозицијата.
-Вчера упатив покана до ВМРО-ДПМНЕ да имаме средба во Владата, за да го изнесат својот концепт, а и ние да ги информираме што се презема. Ги образложиввме сите активности, и јавно ги имам кажано. Информиравме за произдовството на електрична енерегија во ТЕЦ Осломеј и ТЕЦ Неготино, како и за набавките на ресурсите.
Разговаравме за потребата што побрзо да бидат одобрени во Комисијата за финансирање и буџет и Собранието на Законот за задолжување од 100 милиони евра за ЕСМ, Законот за енергетика и Законот за нафта, како и за кратење на финансиски средства кои се со помала исполненост и прераспределба за енергетската криза.
Разговарано било и за веќе донесените решенија: префрлувањето на училиштата и здравствените установи на регулиран пазар.
-Беше реафирмирано барањето на опозицијата за префрлувањето на јавните комунални препријатија на регулиран пазар. За ова ќе се направи пресметка дали е тоа можно, рече Ковачевски.
Во однос на контактите кои опозцијата ги понуди, Ковачевски рече дека сите понуди мора да бидат доставени до ЕСМ.
-Со оглед на тоа дека се работи за контакти коишто сакаат да имаат директен контакт, кажав дека министерот за економија е задолжен да ги оствари контактите, рече Ковачевски.