Ковачевски разговарал со Касами за пожарот во Тетово

by Фокус

Разговарав телефонски со градоначалникот на Тетово Билал Касами и го информирав дека Владата ги стави на располагање сите институции во системот за заштита и спасување за справување со пожарот во Тетово, информираше премиерот Димитар Ковачевски.

„Остануваме во отворена комуникација за сите дополнителни мерки што ќе се укажат како неопходни во зависност од состојбата на теренот. Се придружувам на неговиот апел и ги повикувам сите граѓани на Тетово и на околните места да се придржуваат до препораките за лична заштита“, истакна Ковачевски.

Поврзани новости