Ковачевски, Рама и Вучиќ ќе го отворат саемот „Винска визија на Отворен Балкан“

by fokus

Во Белград од 1 до 4 септември 2022 година ќе се одржи првиот меѓународен саем за вино „Винска визија на Отворен Балкан“ кој се организира под покровителство на владите на Србија, Северна Македонија и Албанија, како дел од иницијативата „Отворен Балкан“, јави дописникот на МИА од Белград.

Саемот „Винска визија на Отворен Балкан“ на едно место ќе ги собере мајсторите во производството на најдобрите вина и ќе го промовира Балканот како туристичка дестинација, неговата географија и богатство на винските сорти.

Во рамките на споменатата манифестација на Белградскиот саем се очекува да присуствуваат над 332 излагачи од 22 земји. Ќе се претстават 160 излагачи од Србија, 26 од Албанија, додека 47 излагачи ќе дојдат од Северна Македонија. Покрај земјите-членки на Отворениот Балкан, се очекуваат изложувачи и од Хрватска, Црна Гора, Франција, Чиле, Аргентина, Италија, Босна и Херцеговина и други земји.

„Винска визија на Отворен Балкан“ свечено ќе биде отворена на 1 септември од страна на претседателот на Република Србија, Александар Вучиќ и премиерите на Северна Македонија и Албанија, Димитар Ковачевски и Еди Рама, а за 2 септември планиран е и лидерскиот самит.

Поврзани новости