Ковачевски: Први ќе влеземе во ЕУ од Западен Балкан

by Fokus

„Европа е во повеќе брзини, значи оние што ќе ги направат први реформите – први ќе се зачленат“ рече премиерот Димитар Ковачевски во интервју за Канал 5 тв.

„Дали сакаме да останеме во друштво на Босна и Херцеговина и Косово како држави имаат елементарни проблеми во своето функционирање? Не се согласувам да останеме со нив во друштво. Во моментов сме пред сите земји во регионот. Во 2030 година верувам дека Република Северна Македонија ќе биде првата земја од Западен Балкан што ќе стане членка на Европската Унија“ – порача премиерот Ковачевски.

Тој кажа дека јавноста не знае што се случувало на средбата на Габриел Ескобар со раководството на ВМРО-ДПМНЕ.

„Но тоа што се знае е дека стратешки интерес е Северна Македонија да биде дел од ЕУ. Пораката е дека САД ги има за партнери оние политички сили и партии кои работат за интеграција во НАТО и ЕУ и се борат против корупцијата и криминалот. Ескобар не дојде да прави притисок, туку да каже дека САД имаат ист интерес со нас, да станеме дел од ЕУ и да ги донесеме потребните одлуки“ кажа Ковачевски.

 

Поврзани новости