497
Претседателот на Владата, Димитар Ковачевски, кој предводи владина делегација во Њујорк, денеска присуствуваше на отворањето на 77. Генерално собрание на Обединетите нации.
-Ми беше чест денеска да присуствувам на официјалното отворање на Генералното собрание на Обединетите нации од страна на Генералниот секретар Антонио Гутереш. Фокусот на оваа генерална дебата е на заедничкото делување и дијалог како единствениот начин кој ќе овозможи развој.
Трансформацијата на општеството и одговорот на глобалните предизвици бараат заеднички напори за справување. Солидарноста, одржливите решенија и науката се нашиот патоказ за иднината, напиша премиерот на фејсбук.