Ковачевски: Прифаќањето на уставните измени им дојде како шок во ВМРО-ДПМНЕ, имам разбирање

by fokus

На последната средба, Христијан Мицкоски прифати уставни измени и тоа јавно го кажа на прес конференција и го повтори потоа во изјава наредниот ден.  Прифаќањето на уставните измени им дојде некако како шок во ВМРО-ДПМНЕ, можеби затоа што се случи нагло. Имам разбирање за тоа, рече претседателот на СДСМ и премиер, Димитар Ковачевски денеска на трибина „Разултати што прават разлика” во Кавадарци.

– Една година гледавме протести, молотови коктели врз собранието, обвинувања за бугаризација, асимилација, го палеа договорот во Собранието, свиреа со вувузели. Цела година слушавме изјави како се на браникот, се потпишуваа нотарски изјави на пратениците дека нема да поддржат уставни измени, маички со НЕ носеа.  Во Собранието не можеше да се слушне ниту мојот глас ниту гласот на пратениците. Но јас бев убеден дека вистинскиот глас ќе го слушнат и ќе се приклучат на праведната цел.  Затоа што праведна цел е да обезбедиме  европска иднина за нашите сегашни и идни генерации. И сега одеднаш, со една изјава, на прес конференција се тоа не важи. Одеднаш не е проблем делови од бугарскиот народ да влезат во Уставот. Со една изјава прифатливи се уставните измени, прифатено е учество во Влада со СДСМ и други партии. НЕ стана ДА. Затоа што ДА е секогаш посилно од НЕ, додаде тој.

Поврзани новости