917
На денешните внатрепартиски избори за нов лидер на СДСМ гласале вкупно 78,5 отсто од активните членови на партијата, брифираат од СДСМ.
Од таму неофицијално велат дека, според досега обработените гласови, во водство е Димитар Ковачевски пред останатите двајца противкандидати – Јован Деспотовски и Фросина Ременски.
Како што е познато, зад Ковачевски застана досегашниот лидер и премиер Зоран Заев, како и најголем дел од партиското раководство.