407
Премиерот на Македонија, Димитар Ковачевски истакна дека со владиниците коалициони партнери денеска дискутирале за новиот предлог, кој бил доставен до нив.
„Позицијата во која се наоѓаме денес е далеку поповолна. Денес го отпочнуваме широкиот консултативен процес. Ќе дебатираме и во парламентот и со опозицијата. Предлогот го гледаме како солидна основа за градење на добар став. Како влада се држевме до државните позиции во однос на преговорите со Бугарија, на што сме многу горди. Имаме дефинирани позиции за прифаќање на македонскиот јазик, како и протоколот да не биде во преговарачката рамка. После оваа средба целиот предлог ќе биде објавен на веб страната на владата. Одлуката за нашата иднина ќе ја донесеме ние“, вели Ковачевски.