Ковачевски: Повторно хаварија во Суводол, состојбата во РЕК Битола е алармантна

by fokus

Пратеникот Васко Ковачевски од СДСМ денеска изјави дека повторно има хаварија во рудникот Суводол и оти надвор од употреба се четири багерски единици со што состојбата во РЕК Битола е алармантна.

-На одложниот транспортер на багерот СрС 1300 така наречен банваген 5500, дојде до оштетување на приемната трака, односно нејзино целосно кинење, истиот е надвор од употреба, а со тоа надвор од употреба е и багерот Срс 1300. Со оваа хаварија надвор од употреба се четири багерски единици. Ако на ова се додаде и фактот дека вториот блок на Комбинатот е во застој и дека во последните пет години не се правени ремонти на блоковите на термоелектраните, тогаш со право може да се заклучи дека состојбата со РЕК Битола е алармнтна, рече Ковачевски.

Според него, ваквата состојба со РЕК Битола е последица на неодговорното работење на раководствата на комбинатот.

Поврзани новости