Како што рече Ковачевски 80.000 сограѓани, работници во различни индустрии, почнувајќи од мартовската плата ќе земаат најмалку 18.000 денари.
– Среќен сум и задоволен што можам да соопштам дека постигнавме договор и со Сојузот на синдикати и со работодавачите. 80.000 наши сограѓани, работници во различни индустрии, почнувајќи од мартовската плата ќе земаат најмалку 18.000 денари, рече премиерот Ковачевски.
Оваа сума, како што рече, означува раст на нето платата на овие работници за околу 45 евра месечно.
– Ветивме и реализираме мерки кои директно го помагаат животниот стандард. Во исклучително кризна година, година на европски и светски кризи, остануваме фокусирани на финансиска поддршка на граѓаните, рече Димитар Ковачевски.
Ковачевски по Социо- економскиот совет во Владата меѓу владиниот кабинет, работодавачите и синдикалците рекоа дека за таа намена ќе бидат издвоени 48 милиони евра.