495
Премиерот Димитар Ковачевски посочи дека одговорност на пратениците на опозицијата e да се вклучат во дебатата, кога е во прашање измената на Уставот и вметнување на Бугарите, без што не може да се одржи втората меѓувладина конференција.
„ Мнозинството граѓани, претставени од пратениците, донесоа одлука поради која имаме прва меѓувладина конференција. Одговорност е на пратениците од опозицијата да учествуваат во оваа дебата и понатаму.Ќе има многу чекори понатаму до финалното зачленување во ЕУ. Собранието е место каде ќе треба да биде донесен и вториот, третиот, четвртиот чекор до финалното зачленување. Одговорност на секој политичар е да мисли на иднината на државата, а не само на својот личен рејтинг“, кажа Ковачевски.