Ковачевски побара МВР да побрза за истрагата за Комисијата за АНБ

by Fokus

МВР побрзо да ја заврши истрагата во однос на тоа што и како се случи затворената седница на парламентарната Комисија за надзор над безбедносните служби да биде пренесувана во живо и потоа тие да можат да продолжат и да ја завршат својата работа во Парламентот.

Ова го истакна денеска премиерот Димитар Ковачевски одговарајќи на новинарско прашање за тоа дали некој ќе сноси одговорност за давањето државјанство на Украинецот Олесандар Онишченко.

Ковачевски повтори дека имало затворена седница на Владата, но дека детали не може да соопшти.

Поврзани новости