Автократија на дело, Али Ахмети наредува, а неговиот слуга Димитар Ковачевски исполнува, се наведува во реакцијата од опозициската ВМРО-ДПМНЕ.
„Ковачевски по директна наредба на Ахмети започна отворена војна со медиуми во Македонија, заради тоа што истите ја објавуваат вистинската слика во државата и јавно говорат за целиот криминал и корупција во власта. Токму ваквиот директен напад со етикетирање на медиуми од страна на Али и Ковачевски е доказ за автократијата во државата.
Ваквите напади од страна на власта кон медиумите изминатиот период се честа појава. Обезбедувањето на пиунот Ковачевски се закануваше на новинар, пред само неколку дена новинари беа спречени да известуваат и постават прашања на автократот Ковачевски, на новинарите им се ограничува правото за поставување на прашање на владините функционери“, се наведува во партиското соопштение.