Премиерот Димитар Ковачевски, денеска во Блед, Словенија каде учествува на Бледскиот стратешки форум, се сретна со хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ.
На средбата се разговараше за актуелните случувања во врска со процесот на евроинтеграции на Северна Македонија. Двајцата премиери оценија дека европската интеграција е најдобар механизам за напредок на нашата земја, што меѓу другото ќе овозможи стабилна економија, повисок животен стандард за граѓаните и ќе донесе повеќе инвестиции, информираа од Владата.
Соговорниците размениле мислења околу процесот на проширување на ЕУ со земјите од Западен Балкан, со што освен економски придобивки, ќе се обезбеди стабилност и безбедност на Балканот.
Земјава од Хрватска континуирано добива институционална поддршка во споделување на искуства во процесот на подготовка на пристапните преговори со ЕУ.