Премиерот Димитар Ковачевски денеска оствари средба со претседателката на Република Словенија, Наташа Пирц Мусар.
Во фокусот на разговорите беше напредокот во однос на евроинтеграцискиот процес на Република Северна Македонија, пришто, премиерот Ковачевски изрази благодарност за огромната поддршка на Словенија како билатерален партнер на нашата држава во процесот на спроведување на реформите.
„Република Северна Македонија се наоѓа во пресвртен момент од историјата којшто бара да покажеме лидерство и обединување на сите политички актери во Парламентот“, рече премиерот Ковачевски на средбата.
Двете страни го потенцираа и големиот напредок на Северна Македонија на регионален план, кадешто нашата држава е препознаена како кредибилен партнер на Европската Унија и НАТО во обезбедување на регионалниот мир и безбедност.
Пирц Мусар истакна дека Северна Македонија може да смета на цврстата поддршка на Словенија бидејќи местото на нашата земја и земјите од Западен Балкан е во големото европско семејство.