81
Главното прашање на овие избори е кој има визија за иднината!
Граѓаните од скопска Кисела Вода знаат дека СДСМ, Коалицијата за европска иднина и претседателот Пендаровски, ја делат визијата за европската иднина на државата, истакна вечерва лидерот на СДСМ, Димитар Ковачевски.
-Стево Пендаровски е модерен, прогресивен, граѓански човек. Човек без црни дамки и грешки во првиот мандат, човек кој докажа дека за него сите граѓани се еднакви. Затоа, ве повикувам на 24-ти април да излезете на првиот круг од изборите и да гласате за нашиот претседател, Стево!
Ние имаме јасен план, имаме визија и никогаш нема да се откажеме од европската иднина, истакна Ковачевски.