Северна Македонија нема друга алтернатива освен да ја исполни својата ЕУ агенда. Успешното завршување на скрининг процесот за земјата, е изразена поддршка за следните чекори на патот на евроинтеграциите на Северна Македонија, со цел непречен тек на преговарачкиот процес, рекол денеска премиерот Димитар Ковачевски во своето обраќање на Самитот ЕУ-Западен Балкан.
-Овој ден за Северна Македонија можеше да биде победнички ден во кој земјата по успешниот скрининг успешно и брзо продолжува со отворање на поглавјата и евроинтеграцискиот процес. Огромна е штетата што опозицијата во земјата е главен кочничар на европската иднина на државата. Граѓаните со денешниот ден и конкретно можат да се уверат дека со вакво анти-еу и анти-нато позиции на опозиција, тие ќе бидат лишени од можноста забрзано да се приклучат на прогресивното европско семејство, изјавил Ковачевски, соопштија од владиниот кабинет.