685
Премиерот Димитар Ковачевски на денешната прес конференција говореше за низата мерки кои ги носи Владата на Македонија за спречување на кризата која се влоши со војната во Украина.
„Ова ќе биде тешка година, но ќе продолжиме да се бориме. Заеднички ќе пребродиме се, квалитетот на животот на граѓаните е приоритет. Ќе се користат сите ресурси да се помогне на граѓаните и стопанството. Но, бараме поддршка од граѓаните во овие кризни времиња“, истакна Ковачевски.