Ковачевски отвори канцеларија на СДСМ во Центар и најави победа на 8 мај

by fokus

Вечерва не отвораме само промотивна канцеларија на СДСМ, вечерва од победнички Центар, од срцето на Скопје испраќаме порака: Подготвени сме, победа на 8ми мај! Точно 99 дена до победа на изборите на СДСМ и проевропската коалиција, рече претседателот на СДСМ Димитар Ковачевски вечерва на отворањето на промотивната канцеларија на СДСМ во центарот на Скопје.

-Изборот е извесна европска иднина со СДСМ и европскиот фронт, безбедност, стабилност, слобода и демократија. Или изолација, уназадување, враќање назад во црното минато со загрозена слобода на говор и задушена демократија со ДПМНЕ. Убедени сме дека граѓаните ќе ја донесат вистината одлука за нивниот животен стандард и за иднината на државата. На 8-ми мај ќе победи СДСМ и проевропската коалиција, рече Ковачевски.

Toj Ковачевски им се заблагодари за масовното присуство на граѓаните, симпатизери, поддржувачите и членовите на СДСМ вечерва масовно и во голем број присуствуваа на отворањето на промотивната канцеларија на СДСМ.

Поврзани новости