Ковачевски: Отворен Балкан дава резултати, наскоро само една контрола на границата со Србија

by Fokus

Отворен Балкан е иницијатива која дава резултати, која функционира и која луѓето ја сакаат, рече премиерот Димитар Ковачевски на граничниот премин Табановце заедно со неговата српска колешка Ана Брнабиќ.

-Отворен Балкан ако погледнеме на истражувањата за јавно мислење е единствена регионална иницијатива која има поддршка над 80% во земјите кои се дел од иницијативата. А тоа е затоа што иницијативата дава резултати. За само три месеца српски и македонски инженери успеаја да го направат решението за единствена електронска наплата на патарините. Ние денес заедно со министерот Бочварски дојдовме со кола од Скопје со купена М-ТАГ картичка од Македонија која перфектно функционира во Србија. До следниот петок ќе биде направено решението и за товарниот сообраќај, така да и камионите ќе можат да поминуваат, кажа Ковачевски.

Тој потсети дека веќе се проширени и лентите за побрзо поминување на границите, а министрите за внатрешни работи од двете земји веќе работат на единствено софтверско решение кое ќе овозможи само една контрола на границата меѓу Србија и Северна Македонија, со што ќе биде уште повеќе забрзано поминувањето на границата.

Поврзани новости