Ковачевски: Осумдесет пратеници не и се потребни на Владата, туку на граѓаните

by Fokus

Осумдесет пратеници се потребни за глас за европска Северна Македонија. На Владата ѝ се потребни 61 пратеник за да може полноправно да одлучува и да работи до изборот на следна влада. Двотретиснкото мнозинство во Собранието за овие уставни измени е императив за секој граѓанин во државата.

Ова денеска, 17 август, го изјави премиерот Димитар Ковачевски на новинарско прашање зошто смета дека избори не се решение, а нема двотретинско мнозинство за усвојување на уставните измени.

„Вие гледате дека една од клучните теми се животниот стандард, социјалната заштита владеењето на демократијата. Тоа се трите елемнти според кои што ЕУ е најдобра во свет, на ниво на САД и ние како држава се стремиме да ги исполниме тие стандарди. Затоа кога ќе кажеме двотертинско мнозинство или 80 пратеници тие не се потребни за Владата, тие се потребни за граѓаните на оваа држава. Клучните теми како животниот стандард, социјалната заштита, владеењето на демократијата се трите елементи во која европската унија е најдобра во светот на ниво на САД. Ние како држава се стремиме да ги исполниме тие стандарди па така кога ќе кажеме двотретинско тие не се потребни на владата туку на граѓаните на оваа држава“, изјави Ковачевски.“, изјави премиерот Ковачевски.

Според него, десетдневната дебата во Собранието е можност за граѓаните да се уверат дека се работи за процес за остварување на стратешка цел, членство во ЕУ.

„Кога почна процесот, имаше коментари за правење на хистерија дека Македонија ќе била бугаризирана, ќе има асимилација, ќе сме го изгубиле јазикот. Ништо не се случи. По една година, имаме чист јазик потврден од ФРОНТЕКС. Поголема меѓународна потврда за јазикот и идентитетот – нема. Потоа беше побарано гаранции од големите држави дека стојат зад нашиот идентитет. Германија донесе резолуција. И во САД има исто така поднесено резолуција за славењето на македонскиот јазик, култура и идентитет. Нема поголеми партнери од Германија и Соединетите американски држави“, додаде Ковачевски.

 

Поврзани новости