430
Премиерот Димитар Ковачевски е оптимист дека 2023 година ќе биде подобра од оваа. Во одговор на новинарско прашање, Ковачевски денеска рече дека е рационален оптимист и дека само со многу работа и одговорно менаџирање може да се раководи во услови на криза.
– Јас сум рационален оптимист, што значи дека верувам во целта и работам таа цел да се оствари. Затоа и лично со најголем дел од министрите присуствувам на прес-конференциите, каде ги презентираме деталите од Буџетот од 2023 година, кој има развојна компонентна, но и компонента на стабилност и сигурност за граѓаните дека ќе бидат исплатени сите плати, пензии, социјални давачки и дополнително финансиски средства за антикризни мерки, рече Ковачевски.