Ковачевски: Опозицијата е повикана да даде свои експерти во работата група за уставните измени

by Fokus

„Овој процес не е процес на еден човек или партија или една влада – ова е процес за целата држава. Обврска на сите партии и пратеници е да се носат одлуки со кои се носат стратешки цели за државата, а тоа е членство во ЕУ. Длабоко сум уверен дека во нашето Собрание постои капацитет и визија да се донесат потребните одлуки, со кои што државата ќе го продолжи и заврши зачленувањето во ЕУ“.

Ова го изјави премиерот Димитар Ковачевски на денешната прес-конференцијата во Владата, на која присуствуваа и потпретседателот на ЕК, Жозеп Борел и еврокомесарот за проширување, Оливер Вархеји.

Во однос на уставните измени, тој информираше дека прво ќе биде формирана работна група за уставните измени во Министерството за правда, со експерти по уставно право и експерти предложени од партиите.

„Опозицијата е повикана да даде свои експерти во оваа група бидејќи секој треба да го даде придонесот. Сите одлуки и поважни информации беше веднаш понудено да бидат споделувани и презентарани пред Националниот совет за евроинтеграции кој што го води претставник на опозицијата. На опозицијата е да размислува стратешки и она што декларативно го кажува, да го спроведе и во пракса. Досега не сме имале таква потврда“ нагласи Ковачевски.

Поврзани новости