Премиерот Димитар Ковачевски во вторник патува за Абу Даби каде ќе има состаноци со претставници на инвестициски фондови, во обид, како што рече во интервју за „360 степени“, да се најдат поповолни услови за финансирање од тие што се нудат во Европа.
-Се работи за навистина сериозни инвестициски фондови. За државата е подобро да се отиде да се разговара со тие инвестициски фондови со оглед на тоа дека веќе има држави кои обезбедија поповолно финансирање од она што се нуди тука во Европа, токму од таа дестинација кадешто одиме – појасни Ковачевски.
Ковачевски рече дека владината делагација во Абу Даби веќе има закажано состаноци со четири инвестициски фондови за да се презентира можната еврообврзница за идната година. Според него, целта е да се обезбедат каматни услови за финансирање на државата по поповолни услови од она што го има на мултилатералните финасиски пазари.