Денес е голем ден за демократијата. Сакам да ви се заблагодарам што гласавте за нов лидер на партијата. Што гласавте за мене, што ми дадовте поддршка, рече вечерва Димитар Ковачевски, новиот претседател на СДСМ. Тој им се заблагодари и на двајцата противкандидати, Фросина Ременски и Јован Деспотовски.
-Вчерва СДСМ одржа уште една лекција од демократијата, но од утре мораме да ги засукаме ракавите и да се фатиме за работа. Ние сме столб на прогресивниот дел од општеството, рече новиот лидер.
Тој му се заблагодари на досегашниот претседател на СДСМ.
-Дозволете ми да му се заблагодарам на досегашниот претседател Зоран Заев. Со неговата храбрсот сите не мотивираше и инспирираше. Заедно со граѓаните го сруши режимот на Груевски, ја внесе државата во НАТО, и на чекор до ЕУ. Не научи што е лидерство и партиско другарство, рече Ковачевски.