Прогресивните политики на СДСМ, после долги години ја вратија Северна Македонија на европскиот пат. Обезбедивме социјална правда, еднакво и достоинствено општество, како и подобар животен стандард за сите граѓани.
Денеска за прогресивните социјалдемократски политики говорев на работната сесија „Решенија за подобар квалитет на живот”, што се одржува во рамки на Изборниот конгрес на ПЕС 2024, овде во Рим, напиша на фејсбук лидерот на СДСМ, Димитар Ковачевски.
-Претстојните избори во Северна Македонија ќе бидат тест за правецот на државата, но и за ЕУ. СДСМ ќе победи на претседателските и на парламентарните избори, а Северна Македонија до 2030 година ќе биде членка на ЕУ.
Со СДСМ иднината е предвидлива, стабилна, демократска, со СДСМ иднината е европска за Северна Македонија, тоа е земја која оди напред, вели Ковачевски.