Ковачевски од Рејкјавик: Бугарија се однесува кон Македонија како Русија кон Украина!

by Fokus

Македонскиот премиерот Димитар Ковачевски на четвртиот Самит на Советот на Европа во Рејкјавик рече дека Бугарија се однесува кон Македонија исто како Русија кон Украина. Тој смета дека обвинувањата од Бугарија за непочитување на човековите права во Македонија се неосновани.

„Дискурсот кој се користи од Бугарија кон Северна Македонија, за жал, е многу сличен на дискурсот кој Руската федерација го користи кон Украина. Неприфатливо е таквите обвинувања да се злоупотребуваат за политички цели, особено во овој клучен период за иднината на Европа. Северна Македонија е меѓународно признаена како функционално модерно мултиетничко општество каде се почитуваат сите права, а и сите извештаи го потврдуваат тоа. Обвинувањата наведени на овој Самит од страна на претставникот на Бугарија се целосно неосновани и доаѓаат од земја која што не ги почитува пресудите на Европскиот суд за човекови права и стандардите на Советот во областа на човековите права“, рече Ковачевски.

Потпретседателката на Бугарија – Илијана Јотова е претставник на својата земја на Самитот во исланд. Таа изјави дека правата на Бугарите во Македонија систематски се кршат.

 

Поврзани новости