408
И јас и Еди имаме заедничка цврста политичка волја за развој на соработката, рече премиерот Димитар Ковачевски на заедничката прес-конференција со неговиот албански колега Еди Рама. Премиерот додаде дека двајцата знаат што значи храбро и одговорно лидерство базирано на европските вредности, па затоа Македонија и Албанија денес се заедно на европскиот пат.
„Денес ги поставуваме основите за тоа како ќе ги развиваме нашите две земји додека заеднички чекориме на европскиот пат, за тоа како да ги направиме нашите држави подобро место за живеење, да дадеме потврда дека посветено работиме, но и да дадеме надеж дека утре ќе биде подобро. Од оваа криза ќе излеземе заеднички, солидарно, и никој нема да биде оставен сам“, изјави Ковачевски.