Сите права кои ги имаа работниците од колективните договори досега сме ги испочитувале во изминатиот период, а по 15 години за првпат беше потпишан колективен договор кој обезбедува права на работниците за зголемување на платите.
Затоа и треба да продолжи трендот на зголемување на платите и колекативните договори, рече пратеникот на СДСМ, Димитар Ковачевски, на денешната расправа на комисијата за носење на буџет, образоложвајќи го амандманот од СДСМ.
-Поттикнат од предлог амандманот за зголемување на платите работниците, сакам да потенцирам дека СДСМ работеше во време на пандемија и енергетска криза кога имаше негативни последици врз економскиот раст и во тоа време се на направија крупни чекори кои имаа позитивно влијание врз стандардот на вработените и пензионерите. Беше воведена методологија за зголемување и на минималната плата и зголемување на пензиите. Најголем исчекор имаше кога од минималната плата од 8 илјади денари во 2017, до сега кога таа е 24 илјади денари. Затоа и сега треба да продолжи трендот на зголемувањето на платите на работниците, да се сочува стандардот, кажа Ковачевски.