48
СДСМ вечерва во Скопје го одржа својот 28. Конгрес на кој беа утврдени кандидатските листи за претстојните парламентарни избори како и изборната програма.
Во обраќњето во отворениот дел од Конгресот, лидерот на партијата Ковачевски рече дека очекува двојна победа на изборите.
Вети дека во следниот мандат на СДСМ просечната плата во државата ќе достигне 1.100 евра, а до 2028 година ќе завршат преговорите за членство во ЕУ. Упати и низа критики на адреса на ВМРО-ДПМНЕ, обвинувајќи ги дека немаат никаков план за иднината на државата.